Дома Актуелно Во Мадрид стигна понуда од 150 милиони евра: Кралевите веднаш одбија!

Во Мадрид стигна понуда од 150 милиони евра: Кралевите веднаш одбија!

Мадридски Реал одби две понуди вредни неверојатни 150 милиони евра за услугите на Марко Асенсио.

Оваа вест за шпанските медиуми ја потврди неговиот агент, кој сепак не сакаше да ги открие имињата на клубовите кои ги испратиле понудите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Реал Мадрид одби две понуди за Марко Асенсио вредни 150 милиони евра, но клубот одлучи да ги одбие. Го сметаат за важен играч и не сакаат да го изгубат.“ – истакна менаџерот Гагиоли.

Тој истакна дека и пред доаѓањето во Реал, неговиот клиент лесно можеше да ја засили Барселона, но каталонскиот тим одлучи да не го донесе.

„Сега знаат дека погрешиле, но такви работи се случуваат во животот. Флорентино Перез беше побрз од Барса и сe’ се договори брзо.“

Нема многу клубови кои би ги понудиле овие пари за Асенсио. Веројатно понудите стигнале од Париз и Манчестер, но сегашната клазула вредна 700 милиони евра го “врза“ ладиот фудбалер за Реал.

Асенсио оваа сезона одигра дури 52 натпревари за Кралевите, а постигна 11 голови и 6 асистенции.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…