Подготовките за новата сезона се во полн ек, а Џенова денес одигра пријатески дуел со нисколигашот Кунео. Џенова победи со високи 7:0, а еден од головите беше дело на македонскиот репрезентативец Горан Пандев. Пандев влезе во игра во второто полувреме, а ја затресе противничката мрежа во 71-та минута.