Дома Фудбал Во Аталанта не штедат: Платија 20 милиони евра за 17-годишник!

Во Аталанта не штедат: Платија 20 милиони евра за 17-годишник!

Онест Аханор е најновото засилување на Аталанта.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за фудбалер кој игра со левата нога и е роден во 2008 година, за кого беа издвоени дури 16 милиони евра, плус дополнителни 4 милиони во бонуси.

Тој е првиот фудбалер од генерацијата 2008 што започна натпревар во Серија А, играјќи за Џенова против Јувентус.

Неговото потекло е нигериско, но тој е роден во Италија, а Аталанта гордо го објави неговото доаѓање на својот официјален веб-сајт.

Ова е сигурно инвестиција за иднината, иако цената изгледа висока за млад играч кој има само 17 години…

Аханор се позиционира како дефанзивец, првенствено на левата страна, познат по својата брзина и сила, токму поради што Аталанта го купи од Џенова.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бруно ја одби првата понуда на Ман Јунајтед за нов договор

Манчестер Јунајтед сака да го продолжи договорот на играчот од средниот ред и капитенот на…