Дома Фудбал Родриго добил понуда сам да пише колку пари сака, но со неговиот потег ги остави сите без зборови

Родриго добил понуда сам да пише колку пари сака, но со неговиот потег ги остави сите без зборови

Бразилскиот фудбалер Родриго доби неверојатна понуда од Саудиска Арабија. Ал-Наср му понуди „бланко чек“.

Од Мадрид порачаа дека нема да му застанат на патот ако сака да си замине. Бразилецот беше поврзуван со англиските великани Арсенал, Челзи, Ливерпул, тимовите од Манчестер, но тој не беше подготвен за заминување.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Cега пристигна понуда која ретко се добива. Ал-Наср од Саудиска Арабија сака Родриго да го здружи со Кристијано Роналдо. Му понудија неочекувано.

„Ал-Наср го контактираше Родриго, а за да го убедат да дојде, му понудија бланко чек”, објави новинарот Саша Таволиери и додаде:

„Сакаат да го здружат со Кристијано Роналдо. КР лично го поддржа доведувањето на Бразилецот.”

Сепак, изгледа дека ни огромната сума што можеше сам да ја напише на договорот, не го привлече бразилскиот напаѓач.

„Родриго на Ал-Наср им порача дека исклучиво го интересира Премиер лигата.”

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Падна договор: Петровиќ се сели во друг премиерлигаш

По одлична сезона во Франција, Ѓорѓе Петровиќ не му недостасуваат понуди. Сепак, најизглед…