Дома Фудбал Италија Со маестралниот лоб Пандев си доби место помеѓу ТОП 10 стрелци во Италија

Со маестралниот лоб Пандев си доби место помеѓу ТОП 10 стрелци во Италија

Македонската фудбалска икона Горан Пандев во вчерашниот натпревар за Џенова постигна маестрален лоб кој денес е главна тема во Италија!

За Пандев овој погодок беше негов 80-ти во Серија А. Оваа бројка го смести Пандев помеѓу најдобрите 10 стрелеци во Италија кога во прашање се активните фудбалери.

Покрај Џенова Пандев во Италија настапуваше за уште четири други клубови, Анкона, Лацио, Интер и Наполи. Како што е добро познато со Интер стигна и до титулата во Лигата на шампионите.

На листата ТОП 10 стрелец помеѓу активните играчи во Италија лидер е Фабио Кваљарела со 126 постигнати погодоци.

Во продолжение погледнете ја мајсторијата на Пандев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Милан и Рома во трка за Јасин Ајари од Брајтон

Милан и Рома покажуваат интерес за шведскиот играч од средниот ред на Брајтон, Јасин Ајари…