Дома Трансфер зона Џенова „фрли око“ на Македонци – го имаат Пандев, сакаат уште двајца!?

Џенова „фрли око“ на Македонци – го имаат Пандев, сакаат уште двајца!?

Според реномираниот сајт „Калчомеркато“ екипата на Џенова во која настапува Горан Пандев, освен напаѓачот Мирко Ивановски (за ова повеќе можете да прочитате ТУКА), сака и уште еден Македонец.

Имено, еден од најстарите италијански клубови е во потрага по десен бек, а на нивната листа на можни засилувања е и нашиот Стефан Ристовски кој го носи дресот на Спортинг.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Во веста се наведува италијанскиот клуб веќе подолго време го следел Ристовски кој има искуство од играње во Италија. Ристовски во минатото го носеше дресот Парма, Бари, Кротоне, Латина и Фросиноне.

Треба да се истакне и дека заминување од протугалскиот клуб би можела да биде добра опција за Македонецот со оглед на тоа што во Спортинг нема статус на првотимец.

Ристовски во Спортиг пристигна минатото лето редовите на Ријека за сума од околу четири милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Тонали е примарна трансфер цел на Јувентус

Најголема желба на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде италијанскиот репрезентативец С…