Дома Топ вести Уште еден Македонец во Серија А и тоа кај Пандев во Џенова?!

Уште еден Македонец во Серија А и тоа кај Пандев во Џенова?!

pandev

Maкедонската фудбалска икона, Горан Пандев наскоро би можел да добие македонското друштво во Џенова.

Имено според италијанскиот реномиран медиум „Калчомеркато“ пренесува дека Џенова е спремна да го доведе Мирко Ивановски кој прикажува одлични настапи во дресот на Славен Белупо.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Договорот на Ивановски истекува на крајот на сезоната и во овие моменти нема најави дека би можел да биде продолжен, па Џенова во своите редови би можела да го доведе како слободен играч.

Ивановски во Хрватска на 26 одиграни натпревари постигна десет погодоци и е трет најдобар стрелец во првенството, додека минатата сезона беше стрелец на 20 погодоци.

Во текот на својата кариера Ивановски настапуваше во шампионатите на Чешка, Унгарија, Полска и Турција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шок за Мората: Поради необичен проблем може да ја заврши кариерата?!

Фудбалерот на Атлетико Мадрид и шпански напаѓач, Алваро Мората веќе неколку дена не тренир…