Дома Останати Тенис Алкараз со пофални зборови: Ѓоковиќ не е само најдобриот во историјата, туку е и најпаметниот

Алкараз со пофални зборови: Ѓоковиќ не е само најдобриот во историјата, туку е и најпаметниот

Карлос Алкараз забележа 21. победа последователно, но главната тема на неговата конференција за медиумите на Вимблдон не беше тој самиот, туку – Новак Ѓоковиќ.

На прашањето кој е најпаметниот играч во спортот, кој го импресионирал најмногу со знаењето за овој спорт, Шпанецот одговори:

„Верувам дека Ѓоковиќ е најпаметната личност на теренот. Тој е без дилема играчот кој го поседува најдоброто познавање на овој спорт. Со неговото искуство и сето што го доживеал на тенискиот терен, но и по гледање на многу негови натпревари, уверен сум дека тој има најмногу знаење за овој спорт“, вели Алкараз.

Алкараз не крие дека „купува“ лекции од многу постариот и многу поуспешниот колега.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ежени Бушар одби да се ракува со Украинка по поразот на турнирот во Чикаго

Канадската тенисерка Ежени Бушар одби да се ракува со својата украинска противничка по пор…