
Денеска, милански Интер соопшти дека младата француска надеж, Анж-Јоан Бони е најновиот играч кој се приклучи на тимот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според тамошните италијански медиуми, Бони, кој има само 21 година, склучи договор за период од пет години, а Интер на Парма и исплати 23 милиони евра.
Иако младиот репрезентативец на Франција минатата сезона во 38 натпревари постигна само шест голови, раководството на Интер е убедено во неговиот голгетерски потенцијал. Довербата ја полагаат врз основа на неговите поранешни настапи за Шатороукс, со надеж дека ќе ги води до нови успеси и титули, по една сушна сезона.
Ова е второто засилување за Интер оваа година. Претходно, тимот го доведе и бразилскиот крилен играч Луис Хенрике од Марсеј, исто така, за 23 милиони евра.
Interisti, è giunto il momento delle presentazioni 🤝#ForzaInter #WelcomeAngeYoan pic.twitter.com/jMjkCBUzPz
— Inter ⭐⭐ (@Inter) July 5, 2025