
Германскиот голман Марк-Андре Тер Штеген ја напушта Барселона по 11 години. Искусниот голман кариерата би требало да ја продолжи во Интер.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Барселона ова лето се одлучи за промена на голманската позиција. На местото на прв голман е доведен Жоан Гарсија од Еспањол и клубот јасно му даде до знаење на тер Штеген дека више не им е потребен.
33-годишникот е свесен дека ја изгубил позицијата на прв голман, без разлика на квалитетот кој го поседува, и дека таквата состојба не му оди во прилог година пред започнување на Светското првенство, каде што има намера да биде прв голман на Германија.
Тер Штеген прифати заминување од Барселона, а наскоро треба да се официјализира неговиот потпис за тимот на Интер.
„Интер покажа сериозен интерес за Тер Штеген. Се очекува официјална понуда во наредните денови. Веќе се обавени и прелиминарни разговори,” наведува каталонскиот Спорт.
Фотографија: Принтскрин