Дома Фудбал Одличен старт за Бабунски – постигна гол на дебито за Ниреѓихаза

Одличен старт за Бабунски – постигна гол на дебито за Ниреѓихаза

Македонскиот фудбалски интернационалец Доријан Бабунски имаше добар старт во новиот клуб – унгарскиот Ниреѓихаза.

Само еден ден по официјалното потпишување на договорот, тој денеска дебитираше со погодок во контролниот натпревар против хрватската Локомотива Загреб, кој заврши со нерешени 1-1 на подготовките во Словенија.

Бабунски беше прецизен во 65. минута, израмнувајќи го резултатот откако Локомотива претходно стекна предност преку Силвио Горичан.

Фото: Nyíregyháza Spartacus FC

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе ја запре Барселона: Мурињо го најде клучот за одбраната на Флик

Реал го доби Ел Класико со 2-1 и ја прекина победничката серија на Барселона. Во Германија…