Дома Трансфер зона Перин потврди: Се селам во Јувентус!

Перин потврди: Се селам во Јувентус!

Не е тајна дека Јувентус е силно заинтересиран за голманот на Џенова Матија Перин, во кого гледа наследник на легендарниот Џанлуиџи Буфон.

Перин денес јавно потврди дека е горд на интересот на „бјанконерите“ и се надева трансферот да се комплетира што е можно поскоро.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Јасно е дека сакам да се преселам во Јувентус. Горд сум на фактот што таков клуб се интересира за мене. Не знам дали е постигнат договор, но јас веќе избрав. Јувентус не е клуб кој може да се одбие“, изјави Перин.

Перин во Јувентус ќе се бори за место во тимот со Војчех Шчешни, но тврди дека нема проблем со тоа.

„Немам проблем да се борам со Шчешни за место во тимот. Секој голем клуб треба да има двајца квалитетни голмани. Сонувам да играм во Лигата на шампиони, а за да го исполнам тој сон треба да ја напуштам Џенова“, заклучи младиот голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…