Дома Останати Тенис Вакво нешто не се памети: Тенисерка на Вимблдон урнебесно реагираше поради пчела

Вакво нешто не се памети: Тенисерка на Вимблдон урнебесно реагираше поради пчела

Шуај Жанг и Екатерина Александрова обезбедија место во третото коло на Вимблдон во конкуренцијата на двојки, откако го надминаа возбудливиот натпревар против Ерика Хозуми и Алдила Сутџијади. Меѓутоа, после мечот, фокусот беше на сосема поинаков момент кој ја засени самата игра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Необична сцена се случи при крајот од третиот сет, кога Сутџијади, при сервирањето, доживеа вистинско изненадување.

Пчела се спушти на нејзината рака, а таа, изненадена и малку уплашена, се обиде да ја издува, што предизвика смеа кај коментаторите.

“Фантастична реакција. Дали е ова пчела? Речиси заплака. Да, тоа е пчела. Сè е во ред, може да продолжи,” рече низ смеа коментаторот на Спорт Клуб, а оваа сцена може да ја погледнете ТУКА.

Алдила Сутџијади, 30-годишна тенисерка од Индонезија, моментално е на 47 место на светската WTA листа во двојки, а со оваа ситуација, дури за миг, стана позната по својата комична реакција, која насмеа многумина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

„Бев уништен, плачев по цели денови“: Надал ја отвори душата за борбата со ретката болест

Рафаел Надал освои 22 гренд слема во својата кариера. Кој знае колку би имал и како би се …