
СВЕТСКОТО првенство во фудбал кое се одржува во САД, Мексико и Канада, влезе во историјата како наjпосетеното досега, соопшти водечката фудбалска организација ФИФА. Оваа година, првенството го надмина претходниот рекорд поставен во 1994 година, кога турнирот во САД го следеа скоро 3.6 милиони фанови.
Срушен рекорд стар 32 години
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Овие нови бројки беа официјално потврдени во текот на второто полувреме на натпреварот меѓу Германија и Еквадор во Ист Рутерфорд, кога на големите екрани се појави бројот од 3.605.357 гледачи, што предизвика силен аплауз од страна на публиката на стадионот.
Важноста на овој податок лежи во фактот дека до крајот на првенството остануваат уште 48 натпревари, па се очекува дека конечната бројка на гледачи ќе биде многу поголема, можно двојно поголема од онаа во 1994. година. Според податоците од ФИФА, пополнетоста на стадионите во просек надминува 99 проценти, што сведочи за огромниот интерес кон првото Светско првенство со 48 репрезентации.
Проширен формат и поголеми стадиони
Новиот рекорд треба да се разгледува во поширокиот контекст. Ова е првото Светско првенство што се игра во проширен формат со 48 селекции, а досега се одиграни 56 натпревари. За споредба, на првенството во 1994 година учество земале 24 селекции кои одиграле 52 натпревари. Од 1998 до последниот турнир, форматот вклучуваше 32 репрезентации и 64 натпревари.
Покрај зголемениот број на натпревари, важни фактори се и капацитетите на американските стадиони, кои генерално се поголеми од стадионите во многу претходни земји домаќини. Во четвртокот беше поставен и нов рекорд според бројот на гледачи во еден ден – натпреварите во Филаделфија, Канзас Сити, Арлингтон, Санта Клара и Инглвуд ги следеа вкупно 384.206 навивачи.