Реал Мадрид синоќа лесно го победи Салцбург со 5:1 на својот терен во натпревар од седмото коло на Лигата на шампионите. Карло Анчелоти беше исклучително задоволен по натпреварот и мораше јавно да пофали еден играч.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Кралскиот клуб лесно се враќа во вистинската форма што го демонстрираше во синоќешниот натпревар против Салцбург, кој го доби со дури 5:1.
Играчите на Реал одиграа одлично пред своите навивачи, а особено блескаше Родриго и тоа во првото полувреме.
По натпреварот Анчелоти даде изјава за медиумите и не можеше да го сокрие задоволството по одличната игра на неговата екипа.
Сепак, по победата против Салцбург, италијанскиот стратег мораше особено да истакне еден играч, а тоа е Родриго, кој со своите фантастични настапи во последно време од позиција каде Реал можеше да го продаде, дојде до статус на недопирлив.
„Дали Родриго е недопирлив? Да. Тој го заслужи тоа со својата игра“, јасно порача Анчелоти.