
Реал Мадрид ја донесе конечната одлука да ја искористи опцијата за повторно купување и да го врати офанзивниот играч за врска Нико Пас од Комо, плаќајќи за оваа цел 9-10 милиони евра, известуваат различни извори во Шпанија и Италија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според новинарот на “Радио Марка”, Рамон Алварес де Мон, на денешната средба меѓу двата клуба, Реал ќе му понуди на Комо повторно да го купи аргентинскиот репрезентативец за 60 милиони евра.
Во таков случај, на „Бернабеу“ ќе имаат нова опција за повторно купување, но овој пат во износ од 80 милиони евра. Ако Италијанците го одбијат овој предлог, „Кралскиот клуб“ ќе го понуди 21-годишниот играч на пазарот по повисока цена, но без клаузула за негово враќање.
Во меѓувреме, популарниот трансферен експерт Џанлука Ди Марцио тврди дека Интер внимателно ја следи состојбата околу најдобриот играч за врска во Серија “А” за минатата сезона и се подготвени да направат сѐ што е можно за да го привлечат во своите редови, ако им се пружи таква можност.