
Фудбалерите на Австрија, по голема драма и нерешениот резултат против Алжир (3:3), успеаја да се пласираат во шеснаесетина финалето на Светското првенство, а јунакот беше Србиниот – Саша Калајџиќ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Беа на ивицата на пропаст Австријците по голот на Марез во 93-та минута, но Калајџиќ три минути подоцна со глава ја прати топката во мрежата на Алжир и на тој начин ја заокружи својата животната приказна која беше сè, само не лесна! Над илјада дена во текот на кариерата Калајџиќ помина во пеколот на повреди, а во продолжение на текстот можете да прочитате што сè му се случуваше…
Калајџиќ е играч кој на своја кожа ја почувствува суровата страна на модерниот фудбал, бидејќи повредите речиси му ја уништија кариерата. Сѐ започна во Адмира Вакер, каде овој дваесет и осум годишен првите професионални чекори. Тогаш, во дебитантската сезона, ја скрши метатарзалната коска и паузираше 25 натпревари. Наскоро следуваа нови проблеми со скочниот зглоб и коленото, кои го одвоија од тренинг процесот дополнителни 140 дена.
Дека станува збор за исклучителен малер сведочи податокот дека дури трипати кинаше предните вкрстени лигаменти на коленото, поради што надвор од терен беше повеќе од илјада дена. Овие пехови го следеа од Адмира, преку Штутгарт, каде новите тешки повреди постојано го оддалечуваа од теренот на подолги периоди.
И покрај ужасниот здравствен биланс, клубовите не ја губеа вербата во неговиот огромен потенцијал. Пазарната вредност на овој голгетер во еден момент изнесуваше дури 19 милиони евра, иако спортската иднина му висеше на конец. Саша секојпат успеваше да го пронајде неверојатна ментална сила, да се врати на терен и да докаже дека е посилен од судбината.
Пресвртница во неговата кариера беше враќањето во татковината, каде во дресот на ЛАСК Линц повторно експлодираше. Благодарение на извонредните натпревари, головите и асистенциите во австриското првенство, го привлече вниманието на јавноста и го обезбеди повикот на селекторот за Светското првенство.