Дома Фудбал Нов рекорд на број на постигнати голови на светските првенства

Нов рекорд на број на постигнати голови на светските првенства

Светското првенство 2026. се запиша како издание со најмногу постигнати голови во историјата на светските шампионати. Рекордот беше поставен во четврток за време на натпреварот од групата Д помеѓу Соединетите Американски Држави и Турција, кога Остин Трусти го постигна 173-тиот гол на турнирот, надминувајќи го претходниот рекорд од 172 гола поставен во Катар во 2022 година. Новиот рекорд беше поставен уште во 59. натпревар на турнирот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За споредба, претходниот рекорд од 172 гола во Катар беа постигнати во текот на целиот турнир или во 64 одиграни натпревари. Светското првенство 2026. година првпат вклучува 48 репрезентации наместо 32, што значи дека ќе бидат одиграни вкупно 104 натпревари, дури 40 повеќе во споредба со претходното издание.

Трусти, кој го постигна рекордниот гол, го направи тоа првпат во кариерата за репрезентацијата. Оваа ноќ го одигра својот десетти натпревар за Соединетите Американски Држави. Тој има 27 години и моментално е играч на Селтик.

По повод поставувањето на новиот рекорд, изјава даде и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. „Поставувањето на новиот рекорд од 173 гола од Катар го истакнува возбудањето и напаѓачката игра кои Светското првенство 2026. веќе го направија незаборавно“, изјави Инфантино преку објавата на Инстаграм.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елиминација на осум репрезентации од Светското првенство!

Токму сме на средината од завршната рунда на групната фаза од Светскиот фудбалски шампиона…