Дома Фудбал Останато Maнчестер Сити во потрага по нов напаѓач: Гвардиола има четири мети

Maнчестер Сити во потрага по нов напаѓач: Гвардиола има четири мети

Манчестер сити пред неколку недели потврди дека Серхио Агуеро ќе си замине летово како слободен фудбалер, а веднаш почна потрагата по негова замена.

Агуеро стана најдобар стрелец на „граѓаните“ во историјата, но очигледно дојде време за нови предизвици во неговата кариера.

Вчера се појави вест дека речиси сигурно тој ќе потпише за Барселона, а тренерот Пеп Гвардиола ќе мора да донесе квалитетна замена зашто на располагање го има само Габриел Жесус.

„Тајмс“ објави дека на листата со желби на клубот се наоѓаат четири напаѓачи, а еден од нив речиси сигурно ќе дојде на „Итихад“.

На листата со желби се наоѓа Ерлинг Халанд, кој чини 100 милиони евра, а по него на списокот место имаше и за Лаутаро Мартинез, кој вреди околу 80 милиони евра.

Доколку не успеат во намерата да купат еден од нив, тогаш опција се Андре Силва од Ајнтрахт Франкфурт и Хари Кејн од Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фудбалерите го одработија првиот тренинг во Амстердам 📸

Maкедонската фудбалска репрезентација ја чека натпреварот од последното коло во групата на…