
Светското првенство во фудбал почнува за осум дена, од денес се познати списокот на сите 48 репрезентации, на кои има по 26 играчи, што вкупно изнесува 1248 фудбалери, а сега е познато и кој клуб може да се пофали дека на Светското првенство ќе има најмногу свои членови.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тоа е Манчестер Сити, вицешампион на Англија и освојувач на двата англиски Купа, кој на светското првенство испраќа дури 19 играчи од 12 различни репрезентации.
На тој начин, Сити го сруши рекордот кој на Светското првенство во Катар 2022 година го постави Бајерн со 17 играчи.
Играчите од Сити по репрезентации:
Англија: Џејмс Трафорд, Џон Стоунс, Марк Геј и Нико О’Рајли
Португалија: Матеус Њунјес, Рубен Диаш и Бернардо Силва
Хрватска: Јошко Гвардиол и Матео Ковачиќ
Холандија: Нејтан Аке и Тијани Рејендерс
Алжир: Рајан Аит-Нури
Белгија: Жереми Доку
Египет: Омар Мармуш
Шпанија: Родри
Франција: Рајан Шерки.
Гана: Антоан Семенјо
Узбекистан: Абдукадир Кусанова
Норвешка: Ерлинг Халанд
Поредок на клубовите според број на играчи на СП:
1. Манчестер Сити (Англија): 19
2. Бајерн (Германија): 18
3. Арсенал (Англија): 16
4. ПСЖ (Франција): 16
5. Барселона (Шпанија): 15