
Веста на денот, можеби и на месецот или годината, доаѓа од претседателскиот кандидат на Реал Мадрид – Енрике Рикелме, кој објави дека ќе ги доведе Ерлинг Халанд и Родри ако успее да го победи Флорентино Перез!
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Мадриѓаните за првпат по две децении добиваат можност за избори, бидејќи од 2006 година досега немале двајца кандидати што и ја објаснува долготрајната доминација на Флорентино Перез. Сега, предизвикот му го фрла Енрике Рикелме, угледен бизнисмен кој сака да ја заснова својата визија на што „пошпански“ Реал и смета дека е катастрофа што ниту еден играч од Реал не е во националната репрезентација.
Но, свесен е дека му се потребни впечатливи засилувања за да го привлече вниманието на социјосите и да гласаат за него. Затоа во живо на програмата во среда вечер, изјави:
- Ако станам претседател, ќе ги донесам Ерлинг Халанд и Родри!
Веста потоа беше потврдена од повеќе новинари од Мадрид, кои наведуваат дека ништо не е секако потпишано, бидејќи тоа е невозможно, туку дека Енрике постигнал вербален договор со таткото на Халанд во Марбела. Сепак, луѓето на Халанд во кратка изјава за Фабрицио Романо го демантирале овој договор.
- Се звучи многу забавно, но не е вистина. Им посакуваме се најдобро на двајцата кандидати на изборите на Реал Мадрид.
Меѓутоа, кампот на Рикелме тука не застанува. Новинарите наклонети на неговата кампања уверуваат дека Рикелме е во директен контакт со Јирген Клоп и дека сака да го доведе Германецот, наместо Жозе Мурињо на клупата.
Работата станува уште покомплицирана кога Флорентино Перез паралелно објави дека Жозе Мурињо ќе стане новиот тренер следната недела. Рикелме неколкупати изјави дека времето на Мурињо е поминато, дека Реал заслужува понов, модерен тренер, а токму оваа визија го мотивира да се насочи кон Клоп.
Клоп го имаше и интересот на Перез кога заминуваше Чаби Алонсо, но тогаш Германецот само се заблагодари за понудата.
Сите овие информации се уште звучат нереално, од повеќе причини; прво, Мурињо веќе е договорен како идниот тренер. Второ, кога станува збор за Халанд, многумина се прашуваат дали ова значи дека Рикелме планира да ги продаде Килијан Мбапе или Винисиус Жуниор, бидејќи овие тројца тешко можат да играат заедно…
Очекуваме ги неделните избори на Реал Мадрид, кои ќе бидат историски во секоја смисла.