
Реал Мадрид не престанува да работи на зајакнување на својот дефанзивен состав. Откако беа договорени трансферите на слободниот агент од Ливерпул Ибраима Конате и на Дензал Думфрис од Интер за 20 милиони евра, клубот сака да донесе барем уште еден дефанзивец.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според “Онда Серо”, тие го имаат на мета Јошко Гвардиол од Манчестер Сити, но Николо Скира има поинаква информација – Рикардо Калафиори од Арсенал.
Реал Мадрид веќе направил обид да дознае повеќе за ситуацијата со 24-годишниот играч, но сѐ уште нема започнати преговори. Тој е ценет и од страна на идниот тренер на тимот Жозе Мурињо, кој го познава од заедничкиот период во Рома.
Во минатата сезона, италијанскиот репрезентативец, кој може да игра како лев бек и централен дефанзивец, одигра вкупно 36 натпревари со еден постигнат гол и три асистенции за “топџиите”.