
Според информациите кои се појавија во јавноста, португалскиот стратег го известил клупското раководство дека не смета на дури шестмина фудбалери во следната сезона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На листата на играчи кои “веднаш мораат да го напуштат Сантијаго Бернабеу” се наоѓаат Едуардо Камавинга, Родриго Гоеш, Франко Мастантуоно, Фран Гарсија, Раул Асенсио и Дани Себаљос.
Особено изненадување претставува името на Родриго, бразилскиот репрезентативец, кој со години беше важен дел од нападот на Реал и еден од омилените играчи на навивачите.
Исто така, внимание привлекува и одлуката поврзана со Камавинга, еден од најталентираните играчи за врска на својата генерација, додека младиот Аргентинец Франко Мастантуоно само неодамна доспеа на радарот на европските великани.
Наводно, Мурињо сака значајни промени во соблекувалната и смета дека за неговиот проект е потребно освежување на тимот и отворање простор за нови засилувања.
Останува да се види дали челниците на Реал Мадрид ќе го поддржат Португалецот во сите негови барања, но сега е веќе јасно дека следува жешко лето во Мадрид.
Португалецот се враќа во Мадрид по ужасната сезона на Реал, во која не успеаја да освојат ништо, додека соблекувалната на најтрофејниот тим во светот изгледаше како “буре барут”, со чести конфликти, кавги, забелешки…