Дома Македонски спорт Mиовски: Имаме теоретски шанси за бараж и ќе дадеме се од себе

Mиовски: Имаме теоретски шанси за бараж и ќе дадеме се од себе

Пред сениорската репрезентација на Македонија се два натпревари во квалификациите за Светското првенство кои се и последни.

Бојан Миовски најави дека иако не зависи се од нас, сепак ќе се бориме до последен момент за ние да бидеме во баражот на крајот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Ни следат два важни натпревари, последни во овие квалификации. Имаме теоретски шанси да дојдеме до второто место. Не зависи се од нас, но ние ќе дадеме се од себе да освоиме шест бода и се надеваме дека во недела ние ќе бидеме втори“.

„Повредите се составен дел од фудбалот, но ние имаме квалитетни играчи и верувам дека ќе го покажат квалитетот со што ќе ја оправдаме довербата од селекторот. Ќе ја анализираме Ерменија, ќе видиме кои се нивните лоши страни и да ги искористиме да дојдеме до победа. Романија има шанси, има и Ерменија, но имаме и ние, ќе биде неизвесно ние ќе дадеме се од себе да освоиме шест бода и да се пласираме во баражот“, изјави Миовски.

Македонската репрезентација прво ќе се сретне со Ерменија во Ереван на 11. ноември, а потоа ќе го пречекаме Исланд дома на 14. во последното коло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…