Килијан Мбапе летово конечно по долги најави се пресели во Реал Мадрид, но на почетокот на својата епизода во таборот на „кралевите“, Французинот не воодушеви премногу.
За неговата ситуација сега зборуваше поранешниот француски репрезентативец и светски шампион од 1998 година, Емануел Петит.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сигурен сум дека Карло Анчелоти и некои фудбалери на Реал Мадрид не сакаа да пристигне Мбапе. Анчелоти беше на седмо небо по освојувањето на Лигата на шампионите. Кога ќе освоите големи трофеи и кога ќе внесете големо его во тимот работите се менуваат.
Најголем проблем за Мбапе е што во тимот има двајца фудбалери како него. Џуд Белингем и Винисиус Жуниор се исто така големи ѕвезди, сите тројца сакаат да се во центарот на вниманието и да ја освојат „Златната топка““, изјави Петит.
Покрај Реал Мадрид, Мбапе одреден период се поврзуваше и со Ливерпул, но до нешто конкретно никогаш не дојде.
„Прерано е да се каже дали ќе му беше подобро во Ливерпул. Треба само да покаже дека има карактер и ментална сила да се издигне над проблемите. Мора да покаже дека е на исто ниво со Роналдо и Меси претходно, да ја пронајде својата константност“, додаде Петит.