Дома Фудбал „Детинесто е да се споредува Роналдо со Меси и Халанд“

„Детинесто е да се споредува Роналдо со Меси и Халанд“

Селекторот на фудбалската репрезентација на Португалија, Роберто Мартинез, ги отфрли споредбите на Кристијано Роналдо со Лионел Меси и Ерлинг Халанд, истакнувајќи дека неговиот најискусен играч и со 41 година може да одигра сите 90 минути без проблем.

Португалија во последното коло од Групата К одигра без голови против Колумбија, а Роналдо го одигра целиот натпревар, како и сите три натпревари од групната фаза, вкупно 270 минути.

„Не ги споредуваме нашите играчи со фудбалери од други репрезентации. Тоа би било детинесто”, рече Мартинез, одговарајќи на прашањето зошто не го одмори Роналдо, како што направија Аргентина и Норвешка со Лионел Меси и Ерлинг Халанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус има нов голман

Бразилскиот фудбалски голман Норберто Нето потпиша договор со Јувентус кој важи до крајот …