Фудбалерите на Ал Аин славеа против Ал Наср на свој терен во првиот натпревар од четвртфиналето во азиската Лига на шампиони со резултат 1:0. Екипата од Саудиска Арабија не блескаше против тимот кој го води легендарниот Ернан Креспо и во најлош момент го забележа првиот неуспех во ова натпреварување. Во сивилото на Ал Наср се вклопи и Роналдо кој имаше …