Кошаркарот на Кливленд искрено зборуваше за својата состојба поради која одлучил да оди кај психијатар.
Кливленд веќе некое време е без еден од своите најдобри кошаркари, Кевин Лав кој е надвор од тимот поради повреда на раката, меѓутоа „ол-стар“ крилниот центар има сериозни проблеми во животот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За тоа отворено зборуваше за познатиот портал „The Player’s Tribune“ каде што откри дека оваа сезона се соочувал со нешто што до сега му било непознато.
Лав зборуваше како во ноември минатата година, после натпреварот против Аталанта почуствувал болку во стомакот и отежната дишење поради што завршил во болница.
„Се појави од никаде, никогаш не сум имал нешто такво претходно. Не знаев за што станува збор. Од тој ден скоро се што мислев за моето ментално здравје се промени, имав навистина сериозни проблеми“, изјави Лав.
Лав поради истите симптоми излезе и во текот на натпреварот против Оклахома во јануари, што доведе до тоа одредени играчи да се сомневаат дали тој воопшто е повреден, па повикаа состанок.
Во своето отворено обраќање тој откри дека од моментот кога го доживеал првиот напад посетува психијатар.