Дома Фудбал Мбапе прекинува партнерство подолго од две децении!

Мбапе прекинува партнерство подолго од две децении!

По речиси две децении успешна соработка, францускиот фудбалер Килијан Мбапе може наскоро официјално да ја прекине релацијата со познатиот бренд Најк.

Според извори, патиштата на првата ѕвезда на Реал Мадрид и американскиот гигант се разделуваат, иако нема официјални потврди од ниту една страна.

Француските медиуми известуваат дека Мбапе веќе кон крајот на изминатиот месец го раскинал договорот, што отвора простор за можен премин кон некој од конкурентите на Најк во спортската индустрија.

Интересно е што овој спонзорски однос датира уште од неговите осум години, што го прави еден од најдолготрајните во модерниот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси и Роналдо ќе играат заедно еден натпревар?

Лионел Меси и Кристијано Роналдо, фудбалери кои како големи ривали обележаа цела ера, може…