Дома Фудбал Скандал: Во автобусот на славниот бразилски клуб пронајдени 86 килограми марихуана

Скандал: Во автобусот на славниот бразилски клуб пронајдени 86 килограми марихуана

Бразилскиот фудбалски клуб Сао Пауло се најде во средиштето на истрага во Боливија откако полицијата откри над 80 килограми марихуана во нивниот клупски автобус. Тимот престојуваше во Боливија за натпреварот од осмина-финалето на Копа Судамерикана.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информациите од локалните медиуми, боливиската полиција за време на рутинска контрола го сопрела автобусот додека превезувал играчи на Сао Пауло. При проверка на возилото било откриено точно 86.5 килограми марихуана. Полицијата веднаш уапсила тројца возачи и го запленила пронајдениот товар.

По инцидентот, бразилскиот клуб организирал нов автобус. Наводно, играчите на Сао Пауло не биле информирани за настанот додека не пристигнале на нивната дестинација во Санта Круз.

Целата ситуација го засени натпреварот од осминафиналето на Копа Судамерикана помеѓу Боливар и Сао Пауло, кој се одигра синоќа. Натпреварот заврши со резултат 1:1. Гостите поведоа преку голот на Роберто Арболеда, додека за Боливар израмни Мелгар во второто полувреме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Како аматер: Погледнете што промаши Гарначо на тренингот на Астон Вила (Видео)

Аргентинскиот напаѓач Алехандро Гарначо штотуку пристигна во Астон Вила, но еден момент од…