
Париз Сен-Жермен постигна прелиминарен договор со Барселона за трансфер на Феран Торес, и шпанскиот репрезентативец наскоро треба да стане нов фудбалер на францускиот шампион.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Последните неколку часови донесоа интензивни преговори меѓу Париз и Барселона, и по понудите и преговорите околу деталите, двете страни успеаја да постигнат договор.
Според пишувањето на каталонскиот весник Спорт, договорот е практично постигнат и се очекува Феран Торес пред крајот на неделата да стане нов играч на ПСЖ.
Официјалната потврда на трансферот треба да почека уште неколку часови, но сè укажува на тоа дека работата е во завршна фаза.
ПСЖ од почетокот на преговорите беше свесен дека Барселона нема да отстапи од барањето за фиксна сума од 50 милиони евра.
Извори блиски до ПСЖ, кои ги цитира Спорт, наведуваат дека трансферот ќе биде вреден 50 милиони евра фиксно, со можност за дополнителни пет милиони евра преку бонуси.
Барселона во понеделникот ја одби почетната понуда на ПСЖ од 40 милиони евра плус дополнителни 10 милиони преку бонуси.