
Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо може да стане новиот сопственик на кошаркарскиот клуб Монако.
Според најавите од францускиот L’Équipe, Роналдињо заедно со неговиот инвестициски фонд, е заинтересиран за преземање на кошаркарскиот клуб од Кнежевството.
Ситуацијата во Монако е моментално многу сериозна. Клубот се наоѓа во големи финансиски проблеми, а долговите беа проценети на цели 24 милиони евра во јуни.
Роналдињо и неговиот инвестициски фонд наводно имаат многу добри односи со Кнежевството Монако и според последните информации веќе располагаат со потребните средства за реализација на потенцијалното преземање.