Дома Фудбал Фудбалер кој играл за Албанија и Македонија го засили Тиквеш!

Фудбалер кој играл за Албанија и Македонија го засили Тиквеш!

Екипата на Тиквеш продолжува со засилувањата пред новата сезона, а најново име во составот на кавадарчани е 22-годишниот Бесар Гуџуфи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Офанзивниот фудбалер во својата кариера ги помина сите младински репрезентативни категории на Македонија, а стигна и до настапи за селекцијата до 21 година. Потоа, Гуџуфи се определи да продолжи дa ги брани боите на Албанија.

„ГФК Тиквеш со задоволство го претставува Бесар Гуџуфи како ново засилување на црвено-белите! Млад, талентиран и гладен за успех, Бесар пристигнува во Кавадарци подготвен за нов предизвик и ново поглавје во својата кариера. Неговото доаѓање е уште еден чекор во нашата визија – да изградиме млад, амбициозен и конкурентен Тиквеш, со играчи кои сакаат да напредуваат и заедно со клубот да достигнат повисоко ниво“, стои во соопштението на Тиквеш.

Гуџуфи во Тиквеш пристигнува како слободен фудбалер, откако претходно го раскина договорот со албански Партизани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Халанд не може да биде капитен на Манчестер сити поради бизарно правило

Енцо Мареска објасни зошто не можеше да го именува Ерлинг Халанд за нов капитен. Астрономс…