
Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, вечерва организира роденденска прослава за својот 19-ти роденден, пренесува El Espanol.
На овој ексклузивен настан се очекуваат над сто гости и големи имиња.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шпанскиот репрезентативец за оваа посебна прилика го избра историскиот имот Mas de Sant Llei, сместен во близина на Барселона.
Младиот фудбалер го изнајмил овој луксузен комплекс за да го одбележи својот славенички ден во кругот на семејството и пријателите.
Организацијата на настанот привлече големо внимание од медиумите, па се очекуваат многу познати личности од светот на спортот и забавата.
Сепак, прославата нема да трае долго бидејќи талентираниот крилен играч веќе наредниот ден го очекуваат професионални обврски.
Помалку од 24 часа по славјето, Јамал треба да биде на тренинг-центарот Ciutat Esportiva за почеток на летните подготовки.
И покрај густата агенда, големата млада надеж на шпанскиот фудбал успеа да најде начин на повеќе од впечатлив начин да влезе во својата нова животна година.