
Поранешниот младински македонски репрезентативец Стефан Јевтовски направи нов интернационален чекор во кариерата. Искусниот дефанзивец ќе игра во Индонезија, каде што потпиша за ПСМ Макасар.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Јевтовски минатата сезона беше дел од Струга, но по истекот на договорот дојде до разделба поранешниот шампион во ПМФЛ.
За Јевтовски ова не е прв интернационален ангажман. Во досегашната кариера настапуваше во неколку европски земји, бранејќи ги боите на Вараждин во Хрватска, Локомотив Пловдив во Бугарија, Ујпешт во Унгарија и Арсенал Киев во Украина.
Во домашниот фудбал, пак, беше дел од Работнички и Металург каде што ги направи првите фудбалски чекори.
Сега пред Јевтовски е ново поглавје, овојпат во далечната Индонезија, каде што ќе се обиде со своето искуство да му помогне на ПСМ Макасар да ги оствари клупските амбиции.