
Тотенхем решително започна потрага по Фоларин Балогун, информира L’Equipe.
Англискиот клуб во последните часови ги воспостави основите за преговори со Монако за американскиот репрезентативец, а се шпекулира дека трансферот би можел да изнесува околу 60 милиони евра.
Балогун има 25 години и важечки договор со Монако до 2028 година. Минатата сезона успеа да постигне 19 голови во 45 натпревари во сите натпреварувања. Исто така, за него ова лето покажале интерес и други клубови од Англија и Шпанија.