
Римскиот клуб Рома е многу блиску до обезбедување на еден од најперспективните португалски таленти Родриго Мора од редовите на Порто, информираше Џанлука Ди Марцио.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Клубовите се во преговори за платена позајмица со опција за откуп, со што целокупната зделка би можела да изнесува 50 милиони евра.
Во договорот би биле вклучени и клаузули според кои откупот би станал задолжителен. Тие би се активирале зависно од настапите на Мора и резултатите на Рома, меѓу кои е и пласманот во Лигата на шампионите. Мора има само 19 години и е талентиран офанзивен играч од среден ред.