Дома Фудбал Останато Салах е добитник на престижното признание, но минутите слава му припаднаа на Клоп (ВИДЕО)

Салах е добитник на престижното признание, но минутите слава му припаднаа на Клоп (ВИДЕО)

Фудбалерот на Ливерпул е прогласен за најдобар играч во Африка, признание кое го доделува Би-Би-Си.

Ако некој можеше да замисли поинаков епилог, тоа веројатно би била најголема глупост, бидејќи оваа година едноставно нему му нема конкуренција меѓу африканските фудбалери.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Салах пред се го поредводеше Египет до пласман на СП, Мундијал кој неговата земја го чекаше уште од Италија 1990.година, а потоа се покажа како најдобро летно засилување, бидејќи за само 40 милиони евра пристигна од Рома и стана еден од најдобрите, ако не и најдобар во Премиер лигата.

Тој оваа награда ја освои пред Пјер-Емерик Обамејанг и Виктор Мозес, а му ја додели тренерот Јирген Клоп.

Германецот во таа прилика беше во центарот на вниманието, а особено беше интересен одговорот на прашањето – кој би бил побрз Салах или Усеин Болт.

„Во првите неколку метри не сум сигурен, но на 100 сум сигурен дека Болт сепак би бил побрз. Но, дајте им на обајцата топката и Салах ќе победи во таа трка“, истакна Клоп.

Погледнете како изгледаше тоа

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Tрамп има луд план: Сака УФЦ спектакл во „Белата куќа“ пред 25.000 гледачи!

Американскиот претседател Доналд Трамп објави возбудлив план за организирање на UFC борба …