Дома Фудбал Салах и екипата нема да го менуваат тренерот, Трабзонспор ја поништи оставката

Салах и екипата нема да го менуваат тренерот, Трабзонспор ја поништи оставката

Фудбалскиот клуб Трабзонспор соопшти дека ја одбил оставката на тренерот Фатих Теке, која тој ја понудил по дебаклот во двомечот со Ференцварош во плеј-офот за пласман во Лига Европа.

По поразот од 0:1 во првиот натпревар, силно засилениот Трабзонспор во реваншот, одигран во четврток во Будимпешта, загуби со 0:4.

Теке брзо по поразот во Унгарија ја понуди својата оставка, која клубот ја одби, наведувајќи дека таа произлегла од “силен емоционален удар”.

Теке стана тренер на Трабзонспор во март минатата година, а во претходната сезона го предводеше тимот на клубот до трофејот во Купот на Турција и третото место на табелата во Суперлигата.

Трабзонспор, кој летово ги потпиша Мохамед Салах и Фабињо, и го врати Андреа Онана на заем од Манчестер јунајтед, ќе игра во групната фаза на Конференциската лига и таму ќе ги одмери силите со Црвена ѕвезда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул размислува за разделба со Јереми Фримпонг

Ливерпул би можел да се раздели со Јереми Фримпонг поради слабата дефанзивна игра против М…