Дома Фудбал Останато Многумина не го видоа ова: Зошто Кавани полека го удри Нејмар по глава пред пеналот?

Многумина не го видоа ова: Зошто Кавани полека го удри Нејмар по глава пред пеналот?

Изгледа дека Нејмар и Кавани повторно се скарале за пеналот, а многумина тоа не го видоа.

Парижаните во натпреварот од 15. коло на француската Лига 1 играа против Троa на домашен терен, а Кавани на тој натпревар промаши пенал. Сепак, тоа сигурно не беше најинтересната ситуација од натпреварот, туку случувањата пред изведување на пеналот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Иако снимката е малку конфузна, изгледа дека Нејмар и Кавани повторно се скарале околку тоа кој ќе го изведува пеналот. Потсетуваме, тренерот на ПСЖ, Унаи Емери одлучи тие двајца да се сменуваат кога станува збор за изведување на пеналот, а и тоа се случи во последно време.

Нејмар го шутираше пеналот на гостувањето против Монако минатиот викенд, а изгледа дека сакаше тоа да го направи и против Троа. Иако тоа не се гледа јасно, изгледа дека Кавани му пријде и полека му ја поклони главата за да му даде сознание дека тој ќе го изведе пеналот, а нешто подоцна го турна и голманот на гостинската екипа, па не се гледа јасно дали се скарал со Нејмар или со голманот на Троа.

Погледнете и сами:

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аларм во Наполи, се повреди Лукаку

Италијанскиот шампион Наполи ја заврши својата предсезонска подготовка со успех, победувај…