Дома Фудбал Арнаутовиќ направи хаос: Целосно ја загуби контролата, тргна да се пресмета со противниците (Видео)

Арнаутовиќ направи хаос: Целосно ја загуби контролата, тргна да се пресмета со противниците (Видео)

Вистинска драма беше видена во последното коло од групната фаза на Светското првенство, каде што фудбалската репрезентација на Австрија одигра нерешено 3:3 против селекцијата на Алжир.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


И покрај тоа што беа на чекор до елиминација, Австријците со гол во длабокото судиско надополнување успеаја да обезбедат втора позиција и пласман во нокаут фазата, каде што сега ги очекува дуел со Шпанија.

Веднаш по последниот судиски свиреж следуваа тензии на теренот, а во главна улога се најде напаѓачот на Црвена звезда, Марко Арнаутовиќ.

На снимките кои преплавија социјалните мрежи може да се види како Арнаутовиќ влезе во жесток вербален дуел со стручниот штаб и резервните играчи на Алжир. Искуствениот напаѓач очигледно имаше многу нешто да им порача на противниците, па соиграчите мораа брзо да реагираат и да го смират за да не дојде до ескалација на инцидентот.

View this post on Instagram

A post shared by Adventure Traveler & Blogger (@traveltomtom)

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона со трета понуда за Родри

Откако Манчестер Сити ги отфрли првите две понуди на Барселона за Родри, кои беа соодветни…