
Шпанскиот новинар Хозе Луис Санчез смета дека францускиот играч од средниот ред, Едуардо Камавинга, повеќе не смее да игра за Реал Мадрид.
Едуардо Камавинга заедно со судијата Славко Винчиќ беше означен како главен виновник за испаѓањето на Реал од Лига на шампиони од Баерн. Французинот влезе во игра и потоа доби два жолти картони, што на крајот беше поттик за пресвртот и победата на противникот.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Има многу критики на сметка на францускиот играч од средниот ред. Најжесток беше шпанскиот новинар Хозе Луис Санчез, кој смета дека Камавинга повеќе не би требало да игра за Реал.
„Целосно несоодветно за играч на Реал Мадрид“, почна Санчез и продолжи:
„Влегуваш наместо Брахим, кој даде сè од себе, и правиш нешто толку детско.”
„Добро, признавам, не беше вториот жолт картон, но му отвори секоја можност да ти покаже црвен картон”, говори шпанскиот новинар и потоа заклучува:
„Едуардо Камавинга повеќе не смее да игра за Реал Мадрид.”