Дома Фудбал Реал Мадрид размислува за продажба на Камавинга

Реал Мадрид размислува за продажба на Камавинга

Реал Мадрид може да го продаде Едуардо Камавинга во летниот период доколку пристигне понуда која ќе ги задоволи барањата на шпанскиот гигант.

Раководството на „кралскиот клуб“ е разочарано бидејќи 23-годишниот фудбалер од средниот ред не успеа до крај да го развие својот потенцијал на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Заради тоа, при прифатлива понуда тие би биле подготвени да ги раскинат неговите услуги, што ќе ја намали платата и ќе даде простор за ангажирање на нов играч, пренесува францускиот “Екип”.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Камавинга, кој е француски репрезентативец, пристигна во Реал Мадрид во 2021 година за 31 милион евра од Рен, каде што помина низ целата младинска школа. Во оваа сезона има 22 настапи во Ла Лига и еден постигнат гол.

Што се однесува до табелата, мадридскиот клуб е на второто место во домашното првенство и има заостанок од седум поени зад водечката Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо остана без титула и згрме, Мендеш му даде совет што да направи

Фудбалерите на Бенфика ја испуштија последната шанса да се доближат до Порто и Спортинг, а…