Дома Фудбал Гвардиола лут на правилото поради кое неговото ново засилување не можеше да игра

Гвардиола лут на правилото поради кое неговото ново засилување не можеше да игра

Манчестер Сити обезбеди место во финалето на Лига Купот каде што ќе се соочи со Арсенал за титулата. После вториот натпревар против Њукасл, Пеп Гвардиола беше во фокусот на јавноста поради неговото големо незадоволство што Марк Гуехи нема да може да настапи во финалето.

Сити оствари победа во обата натпревари против Њукасл – триумфираа со 2:0 на првиот и 3:1 на вториот дуел за тимот од „Граѓани“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Гуехи не настапи ни на вториот натпревар од полуфиналето, но тоа за Гвардиола беше помал проблем од сознанието дека не ќе може да се потпре на новото засилување во финалниот меч за титулата.

По натпреварот, на теренот, Гвардиола изрази незадоволство што клубот вложи многу пари за засилување кое не може да се користи, а на прес-конференцијата детално ја објасни својата фрустрација.

„Марк не можеше да одигра на вториот натпревар затоа што не беше дел од првиот, додека Антоан (Семењо, прим.авт) кој пристигна пред првиот дуел можеше да игра. Но, сега зборуваме за финалето. Зошто не би можел да игра?

Зошто? Тој е наш играч, ние му плаќаме, го ангажиравме и сега зошто не би можел да игра во финалето?

Правилата за трансфери не зависат од мене. Тоа е работа на ФИФА, УЕФА и Премиер лигата која дозволува трансфер периодот да биде отворен за доведување играчи. Тој би требало да може да игра, нели?

Логиката на натпреварувањето… Разбирам зошто не можеше да игра денес, но кога се работи за финалето, по два месеци?

Секако, ќе се обидеме да побараме тој да игра, бидејќи тоа е чиста логика“, нагласува Гвардиола.

На прашањето какво мисли дека ќе биде одговорот, тој се насмеа и вели:

„Па, веројатно ќе биде негативен… Нема да ги променат правилата за да ни бидат нам од корист, но вреди да се обидеме“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дали со овој потег Гвардиола го откри првото летно засилување за Манчестер Сити?

По убедливата победа на Манчестер Сити, навивачите забележаа интересен миг на центарот на …