Дома Останати Кошарка Јокиќ за идните планови: Прво ќе има многу пиво, а потоа ќе зборуваме за Евробаскет

Јокиќ за идните планови: Прво ќе има многу пиво, а потоа ќе зборуваме за Евробаскет

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ зборуваше за неговото потенцијално учество на Европското првенство по завршувањето на сезоната со тимот на Денвер Нагетс.

Тимот на Јокиќ синоќа беше поразен во седмиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција против Оклахома Сити Тандер. Освен на почетокот на мечот, Нагетс не беа сериозна закана за „грмоте“.

Јокиќ ќе има долг летен период за одмор, но можеби во август ќе се приклучи кон српската репрезентација за подготовките за Евробаскет. Што точно планира?

„Играњето за националниот тим минатото лето навистина ме направи подобар играч. Треба да одлучам. Се игра Евробаскет. Треба да разговарам со тренерите и некои од клучните играчи, но ќе видиме. Засега, во следните неколку дена, веројатно ќе има многу пиво“, изјави Јокиќ.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Стеф Кари испиша нова историја во НБА лигата: Со новиот договор урна неверојатен рекорд

Стеф Кари потпиша нов двегодишен договор со Голден Стејт Вориорс вреден 116 милиони долари…