Дома Фудбал Најплатените спортисти во светот: Роналдо убедливо на врвот

Најплатените спортисти во светот: Роналдо убедливо на врвот

Сајтот специјализиран за бизнис-финансискиот аспект на спортот Спортико ја објави годишната листа на најплатените спортисти за 2024. Изминатата година само мажи успеаја да влезат меѓу најдобрите 100.

Според тие податоци, американската тенисерка Коко Гоф заработил најмногу помеѓу дамите и го зазема 125. место со заработка од 30,4 милиони долари.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Најплатениот спортист изминатата година беше 40-годишниот португалски фудбалер Кристијано Роналдо, а напаѓачот на Ал-Наср заработи 260 милиони долари, 215 од профитабилните договори, а 45 од спонзорства.

По него следи американскиот кошаркар Стеф Кари, кој минатата година заработи 153,8 милиони долари, од кои само 53,8 од договорот со Голден Стејт Вориорс, а 100 милиони од спонзорски договори.

Поранешниот шампион во тешка категорија во боксот Тајсон Фјури е на третото место со 147 (140+7) милиони долари, иако двапати загуби во борбите за титули од Олександр Усик. Украинецот е на седмото место со 122 (120+2) милиони долари „плус“.

Меѓу двајцата боксери се аргентинскиот фудбалер Лионел Меси со 135 (60+75), американскиот кошаркар Леброн Џејмс со 133,2 (48,2+85) и бразилскиот фудбалер Нејмар со 133 (108+25) милиони американски долари.

Во првите 10 се најдоа и француските фудбалери Карим Бензема (116, 108+8) и Килијан Мбапе (110, 85+25), како и шпанскиот голфер Јон Рам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти киксна на дебито со Бразил

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го започна својот мандат на чело на бра…