Дома Останати Тенис Шпански спектакл: Алкараз и Надал еден против друг!

Шпански спектакл: Алкараз и Надал еден против друг!

Еден од најдобрите тенисери во историјата, Рафаел Надал и неговиот помлад сонародник, Карлос Алкараз закажаа егзибиционен меч на 3. март во Лас Вегас.

Надал се чувствува многу добро, тренери некое време интезивно, неговото тело е спремно и изгледа дека има најголеми амбиции бидејќи закажа меч со тенисерот кој е втор на АТП листата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Мечот во Лас Вегас не е случајно закажан за овој датум бидејќи ќе се одиграат уште неколку мечеви пред почетокот на мастерсот во Индијан Велс и Мајами.

 Распоредот на Алкараз е прилично густ бидејќи на 27-ми декември во Ријад игра против Ѓоковиќ, а веќе наредниот ден против Роберто Баутиста во Мурсија, а во Мелбурн првите мечеви ќе ги има на 10-ти и 12-ти јануари.

Некогаш најдобриот тенисер во светот и големиот ривал на Ѓоковиќ претходно потврди дека враќањето на официјалните мечеви ќе го има на турнирот во Бризбејн пред Австралија Опен. Последниот меч Надал го одигра минатиот Австралија Опен, а потоа имаше сериозни проблеми со повредите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ донесе една од најголемите одлуки во кариерата

Новак Ѓоковиќ нема намера да ја заврши кариерата. Тој објави дека сака да учествува на Оли…