Рафаел Надал ја заврши својата спектакуларна тениска кариера, а последниот натпревар го одигра на Дејвис купот каде што неговата Шпанија беше елиминирана од Холандија во четвртфиналето.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Кариерата Надал ја започна во 2001 година и од тој момент започна да пишува историја во белиот спорт. Успеа во кариерата да освои 92 турнури, од кои 22 гренслем и 36 Мастерс 1.000.
Медиумитеп ресметаа и колку со тие успеси заработил Шпанецот. Само со учеството на турнирот Надал заработил 134.5 милиони долари.
Тука се и спортските договори кои сигурно за име како Надал не се мали. Шпанецот со години соработуваше со најголемите светски брендови како „Најк“ и „Ролекс“ со кои и сега има договор.
По пензионирањето ќе продолжи да се занимава со приватниот бизнис кој го има неколку години со синџир на ресторани, хотел, тениска академија. Исто така ќе биде и заштитно лице на тенисот во Саудиска Арабија.