Eдна од најлошите одлуки оваа сезона ја донесоа Челзи и Лампард кога одлучија повторно да се спојат.
„Сините“ по лошите резултати на почетокот на април го отпуштија Грем Потер и како привремено решение го доведоа Френк Лампард кој не успеа да донесе подобри резултати.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На Челзи воопшто не му оди со него на клупата, изгледа како целиот тим да ја изгубил самодовербата и ја имаа веројатно најлошата завршница на една сезона во својата историја.
Лампард Челзи го водеше на девет натпревари и оствари само една победа, со едно реми и дури осум порази. Сето тоа со тим во кој само минатиот јануари беа вложени 300 милиони евра. Челзи успеа да го победи само Бормут во 35-тото коло и да одигра 2:2 против Нотингем.
Сите останати натпревари беа порази за екипата на Лампард. Реал Мадрид во Лигата на шампионите двапати ги победи по 2:0, а во Премиер лигата губеа од Вулвс, Брајтон, Брентфорд, Арсенал, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед.
Кога ќе се погледнат бројките само двете последнопласирани екипи, Саутемптон и Лидс освоија помалку бодови од Челзи во истиот период.
Затоа во Лондон со нетрпение се во исчекување на Маурисио Покетино кој треба да започне голем ремонт на екипата. Кога е Лампард во прашање тешко е да се каже дали ќе има понуди по вакви резултати…