Екипата на Барселона вечерва во натпреварот кој започна во 20:15 часот против Бетис запиша рутинска победа од 2:0.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Каталонците апсолутно заслужено стигнаа до победата, во текот на целиот натпревар тие покажаа доминација во сите делови на теренот.
Првиот погодок стигна во 36 минута кога Тоска ја погоди сопствената мрежа, а само три минути подоцна Серхио Роберто погоди за зголемување на водството.
Со голот на Роберто воедно натпреварот беше и затворен иако Барселона до крајот се обидуваше да стигне до зголемување на водството, Лионел Меси не се запиша во листата стрелци. Аргентинецот немаше среќа и на два пати ја погодуваше рамката од голот на гостите.
Во следното коло Барселона ја очекува натпревар против Алавес.